Актуелно

Од денес поевтинуваат над 1000 производи во маркетите! 

Од денеска поевтинуваат над 1000 производи откако во Службен весник се објавени одлуките на Владата за ограничување на бруто профитните маржи и за замрзнување на цените на дел од производите. Трговците изразија загриженост и побараа средба со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за економија Бесар Дурмиши.

Според владината одлука, на пет проценти се ограничува профитната маржа за млеко, леб, брашно, јајца, масло, јогурт и кисело млеко, на 10% за месо, шеќер, млечни производи, ориз и тестенини, а на 15% за хигиенски средства, овошје, зеленчук и бебешка храна.

Одлуката стапува на сила и ќе важи до 30 април. Опозицијата ја оцени како задоцнета, барајќи порадикални мерки и намалување на ДДВ за основните производи. Трговците предложија селективно намалување на цените за најнеопходните артикли.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons