Актуелно

Од денеска возиме најевтин дизел во последните 2 години – тоне цената на нафтата 

Нестабилната економска политика која ја наметна новата американска администрација знаичтелно ги намали цените на суровата нафта на светските берзи. Само од почетокот на месецов, суровата нафта од типот Брент изгуби 11 долари од сојата цена и достигна најниско ниво во последните повеќе од 4 години.


Тоа имаше влијание и на цените на нафтените деривати во малопродажба.
Во моментов литар дизел се продава по 66,5 денари а 95 октанскиот бензин за 74 денари.
Тоа се најниски цени во последните две години за дизелот а бензинот за половина денар поевтин беше само во септември, минатата година.
Регулаторната комисија за енергетика вчера за прв пат по подолго време се реши да направи корекција во текот на неделата бидејќи имаше сериозни промени на цените на берзите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons