Спорт

Одличен настап на Ѓорческа: Преку четвртата носителка обезбеди четвртфинале во Марибор 

Maкедонската најдобра тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Марибор од серијата В75.

Loading...

Ѓорческа во денешниот меч беше подобра од Французинката Џесика Покет со 2:1 во сетови (6.4, 2:6 и 7:6).

Покет беше четврта носителка на турнирот и 153. тенисерка на ВТА листата, па така влезе со фаворитска улога во мечот, сепак Ѓорческа беше многу подобра на теренот и заслужено дојде до победата.

Ѓорческа првиот сет го освои со 6:4, додека во вториот не беше на потребното ниво и Французинката и дозволи само два гема. Последниот трет сет донесе голема борба, а на крајот одлучуваше тај-брејкот во кој македонската тенисерка беше подобра со 11:9.

Loading...

За место во полуфиналето Ѓорческа утре ќе се соочи со Грузијката Мариам Болквадѕе која е и нејзина партнерка во двојки на истиот турнир.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Hide Buttons