Овие растенија се „бомби со кислород“ и ќе го исчистат воздухот во вашиот дом
Сите сакаме да имаме чист и свеж воздух во нашите домови, а за да го постигнеме тоа најлесен начин е да употребиме домашни растенија за да ни помогнат во прочистување на истиот.
Важно е да ги намалите колку што е можно повеќе токсините. Тие го напаѓаат телото преку воздухот, облеката, козметиката, храната, водата, сапуните, шампоните… а ние не сме ни свесни за тоа.
Многумина не знаат дека особено во текот на зимските месеци, а и во текот на летото кога сите прозорци се затворени и се ладиме со клима уреди, воздухот во куќата не циркулира и не се филтрира доволно.
Тоа значи дека сите токсини во домот, од средства за чистење и слично, директно ги вдишуваме.
Затоа е важно да се осигураме дека воздухот во нашите домови е чист, а најдобар начин за тоа е со помош на домашни растенија. Покрај тоа, растенијата во домот исто така имаат и декоративна улога, а ја подобруваат и целокупната позитивна енергија.
Што ви е потребно под итно во домот?
Азалеи
Ова растение помага со прочистување на воздухот од токсините во кујната настанати од детергентите и средствата за чистење.
Англиски бршлен (Hedera Helix)
Бршленот го прочистува воздухот од воздушните честички на фекалните материи, како и за фамилии коишто пушат внатре.
Спатифила (Spathiphyllum)
Одлично растение за тоалети и бањи бидејќи ги елиминира спорите од мувлата.
Бамбус палма (Chamaedorea Seifrizii)
Бидејќи не расте високо, лесно може да се вклопи во секој простор, а одлична е за филтрирање на загадувањето со бензен и трихлороетилен, како и формалдехид.
Аглаонема (Aglaonema)
Она што е интересно за ова растение е фактот дека колку подолго стои во еден простор, толку поефикасно станува во отстранување на токсините.
Алое вера
Она што ја издвојува алое верата од останатите растенија е гелот во нејзините лисја, коишто се богати со витамините А, Ц, Е, Б1, Б2, Б12 и многу други, како и можноста за употреба на истиот за третирање на изгореници и исечени места.
Мушкатла (Pelargonium)
Сарделите се одличен прочистувач на воздухот, ги отстрануваат непријатните миризби и ги убиваат бактериите.
Клорофит (Chlorophytum comosum)
Познато и како зелен лилјан, ова растение е добро за прочистување на воздухот од јаглерод моноксид, што значи дека одлично место за него би била кујната.
Фикус (Ficus elastica)
Од сите растенија тестирани, фикусот е најдобар во отстранување токсини и загадувачи од домовите, а особено е добар борец против формалдехидот.
Индијанско перо (Sansevieria trifasciata)
Ова растение најголем дел од својата улога ја врши навечер. Го вшмукува јаглерод диоксидот и ослободува кислород во текот на ноќта, па така го подобрува спиењето.
Превземено од crnobelo.com