Свет

ОВА Е ВОЗАЧОТ НА АВТОБУСОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА 21 ЛИЦЕ: Колегите се во шок, велат дека бил професионалец 

Најмалку 21 лице загина, а 15 се повредени кога автобус со туристи излетал од надвозник во близина на Венеција во северна Италија и се запалил, соопштија локалните власти.

„Од 15 повредени, 11 се идентификувани, меѓу нив 4 Украинци, еден Германец, еден Французин, еден Хрват, двајца Шпанци и двајца Австријци“, соопштија властите.

Многу од нив се на интензивна нега.

Колегите на возачот на автобусот се во шок, опишувајќи го како стручен возач кој оваа работа ја работи 7 години.

На интернет се појавуваат многу пораки во знак на сеќавање на Алберт Рикот, 40-годишник по потекло од Конела, кој го возел автобусот што синоќа се урна во Местре.

Тој објави селфи пред несреќата

„Шатл за Венеција“, напиша возачот на автобусот при неговата последна објава на социјалните мрежи во 18 часот и 30 минути, околу час и половина пред трагедијата.

Во моментот на инцидентот, возачот ги земал туристите во историскиот центар и ги враќал во кампот во Маргера.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons