ОВА ГО НЕМА НИКАДЕ: Невиден циркус во прва лига на Бугарија
Во натпревар од најдобрата фудбалска прва лига на Бугарија меѓу Царско село и Локомотива Софија се случија неколку епизоди кои навистина делуваа нереално дури и за првенства од најзаборавените земји од третиот свет.
Во бугарската лига се игра стандарден систем каков има во многу европски првенства, во кој неколку екипи по крајот на регуларниот дел, се поделени во групи предодредени за шампионска титула, за излез во еврокупови, за опстанок.
Токму во групата за опстанок играа Царско село и Локомотив Софија. Во судиско продолжение од овој меч, при резултат 1-1, домаќинот добива пенал со кој ако го реализира може да победи и освои драгоцени три бода.
Центарфорот од Гамбија Јусуфа Јафа (25) ја зема топката да го изведе пеналот но во исто време приоѓа капитенот на Царско село Мартин Кавдански кој му ја избива од рака топката.
Меѓу нив двајца трае долга расправија а во еден момент на терен се симнува и Стојне Манолев, газдата на клубот Царско село. Манолев грубо го оттурнува Гамбиецот и го остава капитенот да го изведе пеналот.
После тоа почнува кулминација:
Царско село по промашениот пенал на капитенот Кавдански и официјално испадна во втора лига, за првпат после три години во најдоброто бугарско друштво.