Ова го голта горивото како лудо: Доколку возите со оваа брзина, како ништо се трошат 2 литра
Непотребниот товар во возилото ја зголемува потрошувачката на горивото во автомобилот. Правилото покажува дека за секои 100 килограми непотребен товар можете да очекувате до 0,3 литри повеќе гориво на 100 километри, пренесува Феникс магазинот.
Воедно резервното тркало во полна величина во багажникот може да тежи околу 20 килограми. Ако сакате трајно да заштедите на тежина, можете да размислите за сет гуми со затварач и компресор- советува Матијас Бруг од Авто Билд.
Кровната кутија исто така е еден од најголемите голтачи на дополнително гориво. При брзина од 80 км/ч, потрошувачката расте за околу 11 отсто. При брзина од 130 км/ч може да биде и до 2 литра на 100 километри. Ако после патувањето не ви треба кровната кутија, подобро е да ја тргнете што побрзо.
Снегот и ледот на автомобилот исто така ја зголемуваат потрошувачката на горивото, поради што препорачливо е да да го исчистите автомобилот пред да влезете во него, што секако ја подобрува видливоста и осигурува поголема безбедност при возењето.