Оваа ноќ обилни врнежи, грмежи и локално невреме!
Во текот на оваа ноќ под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, на повеќе места во нашата Република Македонија ќе има врнежи од дожд, локално обилни и поројни, особено во западните предели и проследени со појава на грмежи.
Локално особено во западните предели процесите ќе бидат застапени во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен јужен и југоисточен ветер (над 60 км/час) електрични празнења и со појава на град. И во Скопскиот регион ќе има појава на повремен дожд, кој во делови од котлината ќе биде пороен, проследен со засилен јужен и југоистоисточен ветер, но и со услови за појава на грмежи.
Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегнува претстој на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на силен ветер, граѓаните да избегнуваат да ги ставаат своите автомобили во близина на дрвјата.