Оваа намирница никогаш не ја јадете со месо! Нивната комбинација е поштетна и од пушењето
Стариот римски лекар Целзус, кој живеел во првиот век п.н.е., ги советувал своите пациенти да внимаваат на комбинацијата на различни видови храна.
Американскиот нутриционист Херберт Шелтон спроведе истражување – кои видови намирници „најдобро функционираат во пар“, како и кои се многу лоши комбинации, а кои се многу корисни поединечно, како што е случајот со доматите и краставиците, на пример. Тој создал систем за комбинирање на намирници наречен „принципот на Шелтон“.
Херберт Шелтон утврдил дека постои намирница која секогаш најдобро се консумира самостојно, а тоа е млекото. Оваа намирница содржи протеини и масти, што значи дека е лоша комбинација со која било друга храна, освен со киселото овошје. Млекото, влегувајќи во киселата средина на желудникот, се згрутчува и, доколку во него постои уште некоја храна, веднаш ја обвива, спречувајќи пристап до желудочниот сок. Односно, додека млекото не се свари, процесот на варење на сите други производи не може да започне.
А особено е опасно да се консумира млеко по месо. Постојат неколку причини за ова. Нутриционистката Људмила Денисенко наведува дека најлошото е што калциумот во полномасното млеко ја спречува апсорпцијата на железото од месото.
Комбинацијата на овие намирници делува безопасно, а може да биде многу штетна за здравјето. Група американски научници, по серија студии, заклучиле дека ако истовремено јадете храна која содржи висок процент на животински протеини (на пример, месо и сирење, месо и млеко), ризикот од иритација на гастроинтестиналниот тракт се зголемува за 74 отсто.
За многумина омилените комбинации на намирници може да доведат до здравствени компликации. Во продолжение ви претставуваме дел од нив.
Месо и сирење
Ако истовремено јадеме храна која содржи висок процент на животински протеини, како месо и сирење, постои висок ризик од иритација на гастроинтестиналниот тракт. Во овој случај, сирењето содржи многу фосфор, додека месото е богато со цинк. Таквото внесување доведува до надуеност.
На пример, сирењето содржи многу фосфор, а месото содржи цинк. Ако овие супстанции влезат во желудникот во исто време, фосфорот ќе ја попречи целосната апсорпција на цинкот. Често, по јадење месо и сирење, човекот отекува, чувствува надуеност, што е последица на ферментација во цревата. Истото се случува и ако месото се „измие“ со млеко. Американските научници исто така не препорачуваат јадење путер, павлака и јогурт со месо.
Јајца и чадено или процесирано месо
Кога еден појадок би добил највисоки оценки за вкус, тоа би бил овој. Меѓутоа, не може да се пофали со позитивно влијание врз здравјето. И двете намирници се богати со протеини, па варењето на храната е вистински предизвик за организмот. Прво треба да се консумираат лесни протеини.
Сирење и ладен пијалак
Газиран пијалак со пица? Може. Меѓутоа, има негативен ефект врз варењето. Предизвикува непријатност и болка во стомакот, а оваа состојба може да трае долго.
Ако продолжите да консумирате погрешни комбинации на храна во текот на подолг период, тоа може да доведе до осип, хронични дигестивни проблеми и лош здив.
Млеко по месо, омлет со сланина, месо и сирење – ова се комбинации кои научниците ги споредуваат со штетноста од пушењето.
Напомена: Ако се чувствувате лошо по консумирање на овие или кои било други комбинации на храна, посетете го вашиот лекар. И покрај неповолните комбинации, не треба да се чувствувате тромо, изморено или исцрпено по нивното јадење.