Свет

Оваа дестинација е прогласена за најдобра за групни патувања по трет пат 

Американското списание „Глобал травелер“ по трет пат го прогласи Дубровник за најдобра дестинација за групни туристички патувања, објави Туристичкиот одбор на градот Дубровник.

Дубровник ја освои наградата „Најдобра дестинација за одмор за групи“, оставајќи ги зад себе конкуренцијата од Костарика, Лос Кабос во Мексико, Италија и Картахена во Колумбија.

Наградите на Global Traveler се доделуваат врз основа на анкета на читатели, кои одговараат на отворени прашања за луксузот и начинот на живот во туризмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons