Актуелно

Објавена нова листа на најмоќните армии во светот: Еве на кое место e Македонија 

Од 2006 година, веб-страницата Global Firepower објавува годишен извештај и рангирање на националните вооружени сили, рангирани од најсилни до најслаби.

Годинава беше претставена листа од 145 земји во светот, при што на секоја е даден индекс на моќност, пресметан врз основа на 60 различни фактори.

Најмоќните армии во светот

Првото место во рангирањето го заземаат Соединетите Американски Држави, додека Русија и Кина ги поделија второто и третото место, со идентичен индекс на моќност. 

Индија е четврта, а Јужна Кореја е петта. Првите десет се затвораат по редослед: Велика Британија, Франција, Јапонија, Турција и Италија.

-САД – PwrIndx: 0,0744
-Русија – PwrIndx: 0,0788
-Кина – PwrIndx: 0,0788
-Индија – PwrIndx: 0,1184
-Јужна Кореја – PwrIndx: 0,1656
-Велика Британија – PwrIndx: 0,1785
-Франција – PwrIndx: 0,1878 (регистриран раст)
-Јапонија – PwrIndx: 0,1839 (означен пад)
-Турција – PwrIndx: 0,1902
-Италија – PwrIndx: 0,2164

Во контекст на актуелните конфликти во светот, важно е да се напомене дека украинската армија е на 20-то место, израелската армија е на 15-то, додека иранската армија е на 16-то место.

На територијата на поранешна Југославија, Србија го зазема највисокото место на листата и е на 63. место, додека Македонија е на 112 место.

Од останатите земји, рангирани се следните:

-Хрватска (74.)
-Словенија (96.)
-Македонија (112.)
-Црна Гора (127.)
-Босна и Херцеговина (132.)

Целата листа на земји можете да ја погледнете на официјалната веб-страница на Global Firepower.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons