Магазин

Објавена е листа на најдобрите градови за пешачење – неколку балкански бисери се меѓу првите 100

Платформата за резервации набесплатни пешачки тури, „Фритур“ (Freetour.com) ја објави листата на 100 најдобри градови во светот за истражување пеш за 2026 година, врз основа на пребарувања, резервации и рецензии од милиони патници. На листата се најдоа и неколку балкански бисери, пишува „Даламатински“.


Се наведува дека овие градови се познати по богатата историја, разновидното културно наследство и урбаните зони погодни за пешачење, нудејќи им на посетителите можност да ги истражуваат знаменитостите, историските улици и населби, додека уживаат во локалниот живот.

„Пешачењето е еден од најдобрите начини да се доживее карактерот и културата на еден град. Во земји како Босна и Херцеговина, каде историјата и традицијата се одразуваат и во архитектурата и во секојдневниот живот, патниците пеш можат да уживаат во незаборавни урбани искуства“, изјави Игнасио Мерино, извршен директор на „Фритур“.

На врвот на листата е Будимпешта, по што следуваат Рим, Виена, Барселона и Мадрид.

Топ 10 градови за пешачење:

1. Будимпешта
2. Рим
3. Виена
4. Барселона
5. Мадрид
6. Париз
7. Прага
8. Неапол
9. Фиренца
10. Лисабон

Остатокот од листата:

11 – 20: Лондон, Милано, Порто, Севиља, Амстердам, Атина, Венеција, Даблин, Мексико Сити, Брисел

21 – 30: Берлин, Копенхаген, Истанбул, Талин, Краков, Валенсија, Картагена де Индијас, Палермо, Стокхолм, Единбург

31 – 40: Гранада, Верона, Букурешт, Меделин, Минхен, Болоња, Вилнус, Рига, Толедо, Малага

41 – 50: Њујорк, Дубровник, Братислава, Маракеш, Кордоба, Хамбург, Хелсинки, Сплит, Бриж, Буенос Аирес

51 – 60: Љубљана, Варшава, Тирана, Осло, Сарагоса, Токио, Билбао, Гент, Сантијаго де Чиле, Стразбур

61 – 70: Загреб, Богота, Валета, Марсеј, Торино, Ханој, Вроцлав, Келн, Мерида (Мексико), Антверпен

71 – 80: Солун, Бордо, Тбилиси, Панама Сити, Палма, Франкфурт, Кадиз, Сантијаго де Компостела, Софија, Сараево

81 – 90: Лима, Рио де Жанеиро, Мостар, Куенка, Сеговија, Танжер, Гдањск, Белград, Дрезден, Фес

91 – 100: Лион, Коимбра, Џенова, Куско, Леон, Трст, Белфаст, Рејкјавик, Антигва, Саламанка

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons