МагазинНајново

Облачно со повремен локален дожд, наместа пороен со грмежи и силен ветер 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Утре ќе има преодно стабилизирање на времето, а нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons