Македонија

Обвинет за „27 април“ кој седум години бегаше и се предаде, сега е ослободен – го опфатила амнестијата

Дејан Давидовски-Дешо, кого органите на прогонот го бараа за упадот во Собранието на 27 април 2017 година, е ослободен од обвинение – Основниот кривичен суд Скопје донел одбивателна пресуда со примена на Законот за амнестија, велат од Судот.

Давидовски седум години беше во бегство, а во август минатата година ѝ се предаде на полицијата, по што барал од Судот да биде опфатен со законот за амнестија. Тој уште во 2019 година беше уапсен во Шведска, но не и екстрадиран во земјава. 

Ослободениот Давидовски се гонеше за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ – истото дело за кое други учесници во насилството во Собранието беа осудени на долги затворски казни. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons