НОВ НАПАД ВО ЦРВEНОТО МОРЕ: Дрон погоди брод
Нов напад се случи во Црвеното Море, каде дрон погоди брод, по што избувна пожар.
Британската Агенција за поморски трговски операции (УКМТО) извести за нов инцидент во Црвеното Море. Инцидентот се случил југоисточно од Аден во Јемен.
Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, но членовите на движењето Хути, поддржано од Иран, напаѓа комерцијални бродови во областа за која велат дека се поврзани со Израел или патуваат до израелските пристаништа. Тие даваат поддршка на Палестинците во Газа. Хутите деновиве погодија и грчки брод кој пловел под знамето на Малта.
Американските и британските сили минатата недела одговорија со десетици воздушни и поморски напади врз цели на Хутите во Јемен. Хутите се заканија дека пак ќе вршат напади.
Американската влада денеска ги врати јеменските бунтовници Хути на листата терористички групи, поради нивните напади врз бродови во Црвеното Море.
Како одговор на илегалното и опасно однесување на Хутите кои вршат напади со ракети и дронови врз трговски бродови во Црвеното Море, ЕУ иницираше меѓународна координација за нивно запирање и почна процес за создавање на мисија за обнова на безбедноста во тој реон.