Актуелно

Нови сведоштва: Стојанче со години ја малтретираше Ивана

Ново потресно сведоштво за Ивана Јовановска на второто судско рочиште. Сведокот Мартин Саздов, пријател на сопругот на Ивана, денеска сведочеше дека Стојанче Јовановски секоја вечер кога издрогиран се враќал дома, ја тепал Ивана.
И се заканувал дека ќе објави експлицитни фотографии од неа со кои ќе ја засрами и во една ситуација ја натерал да извади од нејзината картичка 40 илјади денари и да му ги даде.

Откако ја претепал пред очите на ќерката и двете ги оставил доцна во ноќта на автопат на враќање од Штип, Ивана го повикала Саздов да ги земе по што се зближиле.
Според Саздов, Ивана се плашела дека Стојанче ќе и ја земе Катја.
– Ми велеше – Многу ја сакам Катја, таа ми е животот, се плашам да не ми ја земе. Ми кажа дека секоја вечер кога Стојанче ќе се врател дома издрогиран, ја тепал пред катја, сведочеше Саздов.
Сведочеше дека ја терал Ивана да си оди и да живее кај мајка и, но Ивана сакала да го задржи имотот за кој плаќала кредит. Стојанче ги следел постојано и го пријавувал Саздов во полициска станица дека му се заканувал.
– По настанот во Штип, Ивана почна да живее кај мајка ѝ, во тој период почина татко ѝ. Во тој период, Ивана многу падна психички. Откако почина татко ѝ, не знам зошто, но претпоставувам дека била под закани и уцени, се врати да живее во станот во кој живееја со Стојанче. Ивана цело време зборуваше, само станот ми остана нешто што е мое бидејќи нејзините родители ја исклучија од оставинската од татко ѝ поради ситуацијата со Стојанче и ми кажа дека сакала само да си го врати станот, дека без тоа ќе остане на улица. Јас ѝ реков дека нема да се случи тоа, дека ќе ѝ помогнам, сведочеше Саздов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons