Македонија

Нови провокации од Виктор Стојанов – дава по 300 евра на семејства во Македонија кои ќе си го променат презимето

Виктор Стојанов од бугарската фондација „Македонија“ со нова објава на социјалните мрежи повторно насочена кон нашата земја.

Тој за семејства од Македонија нуди да го променат презимето и наместо на „вски“, да завршуваат на „ов“ или „ев“.

Притоа, како што пишува за таквата промена, на македонските граѓани им нуди парични средства од 300 евра.

Во својата објава, Стојанов додава дека македонските граѓани треба да ја контактираат бугарската фондација.

Пред десетина дена тој самиот објави и изрази револт од тоа што му бил забранет влез во Македонија на неодредено време.

„Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Немам ни казна за непрописно паркирање, но ете сум непожелен. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Со ова ќе ги запознаам Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа. На овој начин работите нема да останат незабележани“, изјавил Стојанов за бугарската „Лупа“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons