Нови огласи за вработувања во државни институции
На неколку месеци пред формирање на техничката влада, нови вработувања во државни институции. Според најновиот оглас во Јавното претпријатие Македонски шуми, се бараат 355 работници. Само во општина Берово, каде според последниот попис живее еден Албанец, се бараат 12 дрвосечачи од албанска националност. Покрај Берово, дрвосечачи Албанци се бараат и во Крива Паланка, Демир Капија, Кавадарци.
Неодамна голем револт во јавноста предизвика и огласот за вработување на специјалист во Клиниката за гинекологија, за кој се бараше да биде Албанец по националност. Министерот за здравство Фатмир Меџити тогаш изјави дека знаењето и искуството треба да бидат пред сè, но Законот за вработени во јавен сектор предвидува да има правична застапеност на етничките заедници во сите институции.