Новата 2025 година прв ќе ја пречека Кирибати, а последен Бејкеровиот Остров
Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите ќе ја испратат 2024 и ќе ја пречекаат Новата 2025 година.
Новата година први ќе ја пречекаат жителите на пацифичката островска држава Кирибати (во 11 часот по македонско време), а во 2025-та последен, 26 часа подоцна, ќе влезе американскиот Бејкеров Остров (1 јануари во 13 часот по македонско време).
Забави за пречек на Новата година ќе бидат организирани во Скопје и во другите градови низ земјава. Музичката програма во главниот град вечер ќе биде со македонски изведувачи.