Новак Ѓоковиќ го откажа настапот на турнирот во Доха
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на турнирот во Доха, Катар, кој започнува на 16 февруари, поради замор.
Тој процени дека му е потребен одмор во овој период за да биде што е можно поподготвен за продолжението на сезоната.
Ѓоковиќ неодамна играше во финалето на Грен слем турнирот Австралија опен во Мелбурн каде загуби од Карлос Алкараз.
Се очекува третиот светски рекет да ги објави своите планови за следните турнири во наредните денови.
Наводно, би можел да се врати на теренот во март на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами.
На турнирот во Доха би требало да настапат Јаник Синер и Алкараз, а титулата ја брани Андреј Рубљов.
Турнирот во Доха традиционално ги собира најголемите имиња во светскиот тенис, се одржува од 1993 година, а Ѓоковиќ освои титули во Доха во 2016 и 2017 година.



