Новак Ѓоковиќ брка историја, познато кога ќе го игра првиот меч на „Вимблдон“
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ во понеделник ќе тргне по осмиот трофеј на грен слем турнирот „Вимблдон“.
Како што е веќе познато, прв ривал на Ѓоковиќ ќе биде Аргентинецот Педро Качин.
Според традицијата на третиот Грен слем во сезоната, шампионот ја отвора програмата на Централниот терен.
Така, Ѓоковиќ од 14.30 часот по средноевропско време ќе атакува на својата 24 грен слем титула.
Потсетување дека минатата година Ѓоковиќ во финалето го совлада Австралиецот Ник Кирјос со 4:6, 6:3, 6:4, 7:6 (3).
Претходно Србинот на „Вимблдон“ доаѓаше до титулата и во 2011, 2014, 2015, 2018, 2019 и 2021 година.