Ништо од трансфер на Димитриевски во Реал Мадрид, кралскиот клуб ги промени плановите
Македонскиот голман, Столе Димитриевски се поврзуваше со Реал Мадрид, но таков трансфер нема да се случи ова лето бидејќи кралскиот клуб ги промени плановите.
Украинецот кој му беше резерва на Куртоа, Андреј Лунин требаше да си оди, па затоа Реал Мадрид се поврзуваше со неколку голмани меѓу кои и Димитриевски.
Сега „АС“ тврди дека Лунин сепак се одлучил да остане на Сантијаго Бернабеу, а тоа значи дека Реал Мадрид нема да купува нов голман ова лето.
Димитриевски во минатото се поврзуваше и со Барселона, но најверојатно Македонецот ќе продолжи да го брани голот на Рајо Ваљекано и во следната сезона.