Спорт

Нико Ковач ќе води трет германски клуб

Екипата на Борусија Дортмунд утрово потврди дека Хрватот Нико Ковач е нов тренер на екипата.

Ковач со преземањето на Борусија се враќа на тренерската работа по пауза од речиси една година кога доби отказ во Волфсбург. „Милионерите“ за него ќе бидат четврти клуб во Бундеслигата откако претходно покрај Волфсбург ги предводеше Баерн и Ајнтрахт.

Во кариерата Ковач беше тренер и на Монако, но и селектор на репрезентацијата на Хрватска од 2013 до 2015 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons