Спорт

Никој никогаш како Микаела Шифрин, освои деветти мал кристален глобус во слалом

Микаела Шифрин го освои деветтиот мал кристален глобус во слалом, откако победи на трката од Светскиот куп во Шпиндерлув Млин во Чешка.

Американката е најуспешна скијачка во историјата на ова натпреварување во една посебна дисциплина. Шифрин уште во првото возење си направи предност и на крајот со вкупно време од 1:37,59 минути стигна до седмата победа во осмата слаломска трка оваа сезона.

Шифрин има предност од 288 поени пред второпласираната Камил Раст со два слаломи до крајот на сезоната. Досега Американката освојуваше мал кристален глобус во слалом во 2013, 2014, 2015, 2017, 2018, 2019, 2023 и 2024 година.

Досега ниту еден скијач или скијачка не успеала да освои девет трофеи во иста дисциплина, а рекордот досега го држеше Линдзи Вон со осум во спуст.

Денес имаше и машка трка во австриски Кицбил. Домашниот скијач Мануел Фелер победи пред Лоиј Мејер и Линус Штрасер.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons