МакедонијаНајновоПолитика

Николоски: Македонија обоена во црвено, победа на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг во 33 општини, ДУИ е декласиран, оставка за Венко 

Почитувани,

Добар ден на сите, благодарам на присуството, 

Би сакале да дадеме една рефлексија на првиот круг од локалните избори, со задоволство можам да кажам дека Македонија е обoена во црвено. 

ВМРО-ДПМНЕ ја има убедливо најголемата победа на локални избори до сега, било кога видена во Македонија, ова е историја и резултатот кој што го направивме вчера е навистина историски, сакам да честитам на сите победници во првиот круг и на оние коишто влегуваат како победници и во вториот круг.

Да се заблагодарам на сите коишто гласаа вчера и ја дадоа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ и на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, тоа многу значи, тоа е огромен мотив за работа да продолжиме со силна работа во рамки на Владата но исто така и во општините, а онаму каде што  прв пат имаме градоначалници да покажеме зошто тие градоначалници се вистинскиот избор.

Ова е историски резултат и затоа што е  за 50% подобар од резултатот кој го имавме во 2021 година, кога во 22 општини добивме градоначалник во првиот круг.

Добивме градоначалници и во места кои до вчера беа условно кажано предводени од СДСМ, односно во коишто бевме опозиција. Убедливо во првиот круг победивме во бастионот на СДСМ, Струмица, во Струмица ВМРО-ДПМНЕ ќе има градоначалник после20 години. И не само тоа туку ќе имаме и мнозинство во Советот и разликата е толку голема што е нешто што е досега невидено на избори во Струмица.

Во првиот круг победивме и во Делчево, Берово, Старо Нагоричане, каде исто така СДСМ имаше градоначалници, а водиме и ќе победиме во вториот круг во Валандово, Демир Капија, Дојран  каде што нашите кандидати водат и ќе победат во вториот круг.

Скопје гласаше за Орце Ѓорѓиевски, каде е јасноуште во првиот круг што Скопје сака. Орце води повеќе од 3:1 кон второпласираниот кандидат, повеќе од 3:1 е јасно позиционирање и јасен став на Скопје, што Скопје сака и дека Орце Ѓорѓиевски е изборот и во вториот круг ќе ја зацементираме оваа  голема победа.

Она што е карактеристично е дека СДСМ во Скопје е петта политичка партија, не втора, не трета, не четврта, СДСМ во Скопје е петта политичка партија, што јасно ја покажува волјата на граѓаните и јасната доминација на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје.

Нашите кандидати Дејан Митески и Сотир Лукровски, убедливо победија во Аеродром и Карпош и се апсолутни фаворити за победа во вториот круг, очекуваме и таму големи победи во вториот круг и во Аеродром и во Карпош.

Можеме официјално да кажеме дека ВМРО-ДПМНЕ доби градоначалник во првиот круг во следните општини:

1.Берово, 

2.Битола, што е една особено драга победа имајќи предвид дека битолчани кажаа не на популизмот којшто масовно беше ширен со години наназад со 50,52% поддршка за нашиот кандидат,

3.Босилово, 

4.Бутел, 

5.Василево, 

6.Вевчани, 

7. Огромна победа во Велес, 

8.Огромна победа во Гази Баба, 

9.Огромна победа во Гевгелија,

10.Ѓорче Петров и

11.Градско со огромни победи,

12.Делчево, 

13.Демир Хисар, 

14.Зелениково, 

15.Илинден историски најдобар резултат и

16.Јегуновце е многу значајна во шестата изборна единица,

17.Кавадарци, 

18.Карбинци, 

19.Кисела Вода, 

20.Кратово, 

21.Новаци, 

22.Ново Село, 

23.Огромна историска победа во Охрид, 

24.Петровец, 

25.Пехчево,

26.Огромна победа во Прилеп, 

27.Радовиш, 

28.Ресен, 

29.Свети Николе, 

30.Сопиште,

31.Старо Нагоричане, 

32.Струмица и 

33.Огромна победа во Штип.

Честитам на сите избрани, од денес ги чека многу работа, труд и посветеност за остварување на ветеното. Она што го ветија во кампањата мора да го реализираат и заеднички ќе работиме како Влада и локална самоуправа да се реализираа се што беше ветено.

Во Советот на град Скопје, како што кажав, СДСМ е петта политичка партија. СДСМ е на најниските ниво од своето основањето до денес. Јасно е дека народот праќа јасна порака на двоецот Венко Филипче – Зоран Заев. Оставката е најнормалниот чин на човек којшто доживеал ваков дебакл.

Граѓаните јасно кажаа дека е доста од двоецот Зоран Заев – Венко Филипче.

На овие избори го декласиравме и ДУИ. ДУИ минатата година замина во опозиција, а на овие избори е декласирана. Тие изгубија катастрофално и народот им кажа што мисли за нив и нивната деструктивна и криминална политика.

Не може криминалот да се брани со историски приказни, со измислен наратив и со национална поларизација. И затоа порака и кон ДУИ и Али Ахмети беше многу јасна на вчерашните избори.

Во вториот круг очекуваме уште една голема победа, а потоа силна работа и посветеност за оправдување на довербата која што ја добивме од граѓаните.

Линк од видео материјал: https://youtu.be/oUyiQyjvnxA

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons