Спорт

Николов и Начевски добиваат македонско друштво – Митревски и Тодоровски ќе судат на ЕП 2026

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави судиските двојки кои ќе делат правда на Европското првенство во ракомет за мажи во 2026 година, што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка.

Македонија за првпат ќе биде со два судиски пара на едно Европско првенство во сениорска конкуренција. Освен веќе докажаните и редовно номинирани Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, деби на големото натпреварување ќе имаат и Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

ЕХФ вкупно номинираше 18 судиски двојки од цела Европа, а само две земји ќе имаат по два пара претставници: Македонија и Шпанија.

Европското првенство 2026 ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари во градовите Хернинг (Данска), Осло (Норвешка), Малме и Кристијанштад (Шведска).

Преземено од: Спорт.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons