МакедонијаНајново

Нивото на Охридското Езеро десет сантиметри над просекот за ноември

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,39 метри надморска височина или десет сантиметри над просекот за месец ноември.

Нормализирањето на водостојот секако е последица на обилните врнежи што го зафатија регионот изминатите денови. За споредба, пред само десет дена нивото на водата во езерото беше десет сантиметри под месечниот просек.

Температурата на водата денеска изнесува 13 степени Целзиусови или речиси идентично на просекот за ноември што изнесува 12,9 степени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons