Не се живее, се преживува: Цените одат во вис, инфлацијата го прави своето
Годишната инфлацијата мај 2024 – мај 2023 година е зголемена за 4,5 %, а цените на мало во истиот период пораснаа за 5,8 %. Во однос на април инфлацијата во мај е повисока за 0,9 %, а цените на мало пораснаа за 1,3%, објави Државниот завод за статистика
За една година најголемо зголемување на цените има кај овошјето за 22 отсто, потоа шеќерот, чоколадите, медот, кај зеленчукот, млекото, сирењето, јајцата, лебот и житата.
Скок на цената од 5,6 отсто има и кај алкохолот и тутунот, кај облеката и обувките, мебел, покуќнина, но и кај здравствените услуги.
Транспортот поскапел за 10,3 проценти, ресторанските и хотелските услуги 8,5 отсто.
Зголемувањето на инфлацијата во мај во однос на април е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 3,1 %, рекреација и култура за 2,1 %, транспорт за 1,9 %, облека и обувки за 1,5 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 1 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0,7 %, разновидни стоки и услуги за 0,4 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје за 0,1 %.
На едно четири-члено семејство за да го преживее месецот според последните пресметки на ССМ, потребни му се над 1.000 евра, најмногу од тие пари или нешто речиси околу 22.000 денари се даваат само за храна и пијалаци.