Нејмар лета на тренинзите на Сантос со својот личен хеликоптер
Фудбалерот на Сантос, Нејмар, секојдневно лета на тренингот на тимот од неговиот дом во Мангаратиба, пренесува „Глобо Еспорте“.
Триесет и тригодишниот Бразилец користи личен хеликоптер за да стигне до базата на клубот, бидејќи се уште нема купено куќа во Сантос.
Претставниците на фудбалерот работат на пронаоѓање на безбеден дом- замок во областа Моро де Санта Терезиња.
На 31 јануари, Сантос го објави враќањето на Нејмар, кој го раскина договорот со Ал-Хилал.
Нејмар играше за главниот тим на Сантос од 2009 до 2013 година. За клубот одигра 225 натпревари, постигнувајќи 136 гола и 64 асистенции.