МакедонијаНајново

Нечиста крв: Младите лекари ќе им помагаат на новинарите да обработат стотина пријави 

Напомош на новинарите на ИРЛ им се придружува и Клубот на млади лекари. Од редовите на своите 1,200 членови тие ќе обезбедат медицинска експертиза во анализата на стотината пријави пристигнати во ИРЛ, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Здружението на млади правници, организации коишто претходно понудија да волонтираат со правна помош за граѓаните и да им помогнат на новинарите во носењето на товарот на огромниот број пријави за негрижа и измама по објавата на документарниот филм ,,Нечиста крв’’, објави ИРЛ

По објавата на документарниот филм ,,Нечиста крв’’, во Истражувачката репортерска лабораторија, Хелсиншкиот комитет за човекови права и Македонското здружение на млади правници, досега пристигнаа повеќе од 150 пријави од граѓани за прекршување на здравствените права.  На заедничкиот тим, формиран за процесирање на случаите, од денеска се приклучи и Клубот на млади лекари со цел да ја понуди својата медицинска експертиза за сеопфатна обработка на предметите. Целта на оваа соработка е зајакнување на заедничкиот систематизиран пристап кон соодветно процесирање на пријавите од граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons