Свет

Нетанјаху: Техеран скапо ќе плати за нападот на болницата во Бершева

Израел силно ќе му одговори на Иран за нападот на голема болница утринава со балистичка ракета, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

„Иранските терористички тирани лансираа ракети кон болницата Сорока во Бершева и врз цивилното население во централниот дел на земјата“, напиша Нетанјаху на мрежата Х.

Тој додаде дека „тираните во Техеран скапо ќе платат“ за овој напад, пишува „Тајмс оф Израел“.ADVERTISING

Израелската болница во Бершева беше погодена утрово, во најновиот ирански балистички ракетен напад врз Израел, а повеќе од 30 лица се повредени во нападите низ целата земја, од кои четворица потешко, соопшти медицинската служба Маген Дејвид Адом (МДА).

Покрај Бершева, ракети ги погодиле и Тел Авив, Рамат Ган и Холон, предизвикувајќи голема штета, јавуваат израелските медиуми.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons