Свет

Нетанјаху на операција во бункер 

На израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска треба хируршки да му биде отстранета простатата поради „бенигно зголемување“.

Операцијата ќе биде извршена во силно заштитена подземна просторија во болницата „Хадасах“, за да биде подобро заштитен од евентуален ракетен напад.

Тој ќе биде под целосна анестезија, а според проценките би можел да биде пуштен од болница за два дена. Не е соопштено кој ќе ги извршува премиерските обврски додека Нетанјаху е под анестезија и во болница.

На 75-годишниот премиер на преглед во средата му била констатирана уринарна инфекција, како последица на проблемот со простатата.

Во март годинава на Нетанјаху му беше извршена и операција на кила, а од лани во јули има вградено пејсмејкер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons