Свет

Нетанјаху: Израел ќе ја преземе контролата врз цела територија на Појасот Газа

Израел на 2 март ја блокира дистрибуцијата на хуманитарна помош за Појасот Газа.

Израел ќе ја преземе контролата „врз цела територија“ на Појасот Газа, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

– Борбите се интензивираат и ние напредуваме. Ќе ја преземеме контролата врз целата територија на Појасот. Не се повлекуваме, но за да успееме, мора да дејствуваме на таков начин што нема да бидеме запрени, истакна Нетанјаху во видеопорака објавена на Телеграм.

Тој посочи и дека Израел мора да спречи глад во Појасот Газа „од дипломатски причини“, откако беше објавено дека ќе биде дозволена дистрибуција на ограничена хуманитарна помош за палестинската енклава.

– Не смееме да дозволиме населението да гладува, ниту од практични ниту од дипломатски причини, наведе Нетанјаху.

Израел на 2 март ја блокира дистрибуцијата на хуманитарна помош за Појасот Газа.

Во меѓувреме, израелската армија денеска издаде наредба за евакуација на жителите од вториот по големина град во Појасот Газа – Кан Јунис и околните населени места.

Претходно, Цивилната одбрана во Појасот Газа соопшти дека во денешните израелски воздушни напади во Кан Јунис, посебно околу болницата Насер, загинаа 22 луѓе.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons