Свет

Нетанјаху во недела заминува за Вашингтон, во вторник средбата со Трамп 

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во недела ќе замине за Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп, а во четврток ќе се врати во Израел.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во недела ќе замине за Вашингтон на средба со американскиот претседател Доналд Трамп, а во четврток ќе се врати во Израел.

Според ажурирањето од неговиот кабинет, Нетанјаху ќе полета од аеродромот Бен Гурион во недела наутро, ќе се сретне со Трамп во Белата куќа во вторник и ќе го напушти Вашингтон во четврток.

Канцеларијата не даде детали за другите закажани состаноци за петдневното патување на израелскиот премиер во САД и рече дека распоредот може да се промени.

Медиумите претходно објавија дека израелскиот премиер кој е личен пријател на Доналд Трамп ќе побара од 47-от претседател на САД неподелена поддршка од Вашингтон, овојпат, за плановите на Израел во однос на палестинската енклава, планови во кои израелската влада не ги криела своите намери.

Во нив е наведено дека Тел Авив сака да има апсолутна контрола над Газа, враќање на режимот што беше пред 2005 година и конечно повлекување на доселениците од енклавата и што е можно подинамични истражувања и операции кои ќе доведат до тоа до елиминирање на Хамас.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons