НЕМА САМО „ВИЗЕР“ ДА КОРИСТИ СУБВЕНЦИИ ЗА ЕВТИНИ ЛЕТОВИ – Oтворена врата и за други нискобуџетни компании
Субвенции за летови ќе има според правилата за државна помош на Европската унија. Министерството за транспорт и врски до Владата достави нова уредба со која дефинираше нов модел за распределба на финансиска поддршка за авиолинии, информира во интервју за МИА министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
-Ќе може да се вклучат што е можно повеќе оператори и да не се врзуваме само за еден. Исто така го ограничуваме интензитетот на субвенционирање како што налага и бара Европската комисија, се со цел да овозможиме што повеќе дестинации за граѓаните и да го развиеме авиосообраќајот, вели Бочварски.
Тој очекува јавниот меѓународен повик да биде објавен во текот на есента и на него да се пријават поголем број заинтересирани компании.
Предност ќе имаат авиокомпаниите што ќе понудат поголеми воздухоплови, директни линии до поголеми аеродроми и повеќе летови неделно. Во договорот ќе стои дека операторот ќе треба да ги опслужува линиите и по истекот на договорниот рок за период колку што добивал државна поддршка.
Министерството за транспорт и врски подготви и до Владата достави нова уредба за распределба на финансиска поддршка за авиолинии. Што предвидува уредбата?
-Како Министерство за транспорт и врски во текот на изминатите месеци работевме на креирање на уредбата заедно со повеќе институции. Многу ми е драго што уредбата веќе ја комунициравме со Европската комисија и оттаму добивме зелено светло, но и заради тоа што таа е конкретизирана на аспектот да вклучи што е можно повеќе оператори, да не се врзуваме само за еден. Го ограничуваме интензитетот на субвенционирање како што налага и бара ЕК како ограничување на финансиската поддршка што ќе ја даде една држава на оператори за да вршат одредени летови. Драго ми е што најдовме модел и решение и заради тоа што ова е комплетна транспарентна постапка во која што веќе пред донесувањето ги вклучивме сите институции и страни што се клучни за да донесеме уредба со која што ќе пристапиме кон отворање нови можности за граѓаните. Веќе ја доставивме до Владата, во текот на наредните недели ќе разговараме со законодавство и сите останати институции што ќе треба да дадат мислење по што ќе биде на усвојување на владина седница. По усвојувањето од страна на Владата ќе бидеме подготвени да формираме и комисија и да го распишеме повикот преку кој ќе бараме поддршка. Моите очекувања се дека веќе во текот на оваа есен ќе бидеме подготвени да го распишеме јавниот меѓународен повик на којшто очекуваме поголем број заинтересирани компании бидејќи овој пат нема да биде клучно да се поврземе со една компанија, туку со повеќе.