Нема европско ембарго за руската нафта, членките на ЕУ не најдоа заеднички јазик за санкциите
Постојаните претставници на земјите-членки на ЕУ денеска не успеаја да постигнат договор за ембарго за увоз на руска нафта.
Покрај Унгарија, против заедничката европска забрана се изјаснија и Словачка, Чешка и Бугарија.
Одлуките во ЕУ се носат со консензус, што значи дека сите земји-членки мора да се согласат за едно вакво решение.
Разговорите околу можните санкции за руската нафта ќе продолжат утре, информира Гардијан.
Бугарскиот вицепремиер рече дека неговата земја ќе побара исклучок доколку проектот на ЕУ предвидува таков механизам.
– Технички, Бугарија може без руска нафта, но тоа би довело до значително зголемување на цените на горивото. Затоа, ако Европската комисија разгледа исклучоци, ние би сакале да ги искористиме, изјави тој за весникот „Капитал”.