НЕМА ДА ГИ ИМА САМО НА ПАТАРИНА: Тагови ќе се купуваат на повеќе од 200 локации
Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски кажа дека тагови за патарини ќе може да се купуваат од повеќе места, а не како досега, само од патарините.
„Работиме многу на патарините, кои се важен фактор. Веќе заврши повикот, во фаза сме на потпишување на договори, за да се зголеми проточноста на патарините. Од сегашните 40.000 тагови кои може да се купат само на патарините и во Јавното претпријатие, ќе биде една мрежа од 200 до 500 места кои можат да се купат. Очекуваме бројот на тагови да се зголеми од 40.000 на 200.000, што ќе овозможи подобро функционирање на патарините“, рече Трајановски.