Нема бура да коси, но цел ден ќе роси: утрото денеска ќе биде студено, а денот умерено топол
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и со услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР.
Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветар од северозападен правец.
Минималните утрински температури се движат меѓу -2 и 5 степена, а максималните дневни температури ќе достигнат 8 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.



