Некој во Македонија вечерва освои 1,27 милиони евра, падна „седумка“ на лото
Ова е втората најголема добивка на лотарија во историјата на Македонија, по онаа од 1,7 милиони евра во август 2024 година
Во вечерашното извлекување на играта на среќа „Лото 7 од 37“ на Државната лотарија, кое се емитува на Канал 5, беше извлечена главната премија, „седумката“ која на среќниот доби
Во евра, добивката изнесува околу 1,273 милиони и тоа е втората најголема добивка на лотарија во историјата на Македонија. Најголемата награда, од околу 1,7 милиони евра е забележана во август 2024 година – тогаш добитното ливче беше продадено во Охрид.
Добитното ливче е уплатено во Кавадарци, велат од Државната лотарија. Интересно е тоа што во добитната комбинација, највисоката бројка е 11. Еве ги бројките кои ја носат големата награда: 10, 1, 8, 4, 5, 2, 11.
Со шест погодени броеви се регистрирани 15 добитни комбинации, а секоја од нив носи по 31.707 денари.



