Магазин

Некои луѓе со причина доаѓаат и си заминуваат од вашиот живот

Луѓето не доаѓаат во нашиот живот за да останат засекогаш. Секоја ситуација се случува со причина.

Некои луѓе ќе ги сретнеме случајно на улица и со нив стануваме пријатели за цел живот. Со други пат сме пријатели од детството, но тие одеднаш исчезнуваат од нашиот живот. Некогаш пак и повторно се враќаат. 

Човечките односи делуваат комплицирано, а всушност се покомплицирани одошто мислиме. Постојат луѓе со кои мислиме дека ќе останеме цел живот, но нашите патишта одеднаш се раздвојуваат. Некогаш не е тоа ничија вистина, едноставно такви се животните околности.

Дури и кога некои луѓе ќе си заминат од нашиот живот, остануваат спомените, лекциите, времето кое сме го поминале заедно – без оглед на тоа како сме се разделиле. Ваквите ситуации постојат и во љубовта, но и во пријателствата.

Некои луѓе се тука само на еден ден, еден момент –  ни даваат совет или учиме нешто вредно од нив и колку и да сакаме да останат во нашиот живот, тоа не е возможно. Ваквите заминувања болат најмногу. Се чувствуваме како да е тоа нечија вина, ја обвинуваме судбината, погрешното време или место, но тоа едноставно е така. 

Не се плашете ако луѓето влезат во вашиот живот, не живејте во постојан страв дека тие би можеле да заминат. Дајте им шанса да бидат дел од вашето постоење и да научите нешто од нив или со нив. Не очекувајте дека секој поединец ќе биде дел од вашиот живот засекогаш. Тоа ќе ве направи несреќни. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons