Спорт

Неделковски: Седлоски останува тренер на Вардар, дури и ако стане селектор на Македонија

Директорот на Вардар, Миленко Неделковски вели дека Гоце Седлоски ќе остане на кормилото на „црвено-црните“, па дури и да стане селектор на Македонија.

Изминатиов период често кружат гласини за можноста Гоце Седлоски да го наследи Боби Милевски на селекторското столче на Македонија.

На денешната средба со новинарите, Миленко Неделковски одби да го потврди ова, но порача дека стратегот ќе остане на кормилото на „црвено-црните“ без разлика на ангажманот во репрезентацијата.

„Гоце Седлоски ќе го води Вардар и во пролетниот дел од сезоната и на европските натпревари“ – вели директорот на Вардар. „Тоа ќе остане непроменето“.

„Не знам дали ќе биде селектор или не, тоа не е прашање за мене. Но, Вардар нема против тој да биде и селектор и тренер на тимот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons