Неделава ќе работиме само три дена, ни доаѓаат уште два продолжени викенди!
Викендов по повод најголемиот христијански празник имавме убав продолжен викенд.
Неработни денови беа 14 април Велики Петок, и денешниот втор ден на Велигден, 17 април, понеделник.
Оваа недела според календарот, ќе работиме само три дена, па повторно имаме продолжен викенд.
Во овој месец неработен за сите граѓани е и 21 април кога се празнува Рамазан Бајрам, а истиот се паѓа во петок.
Веднаш следната недела, на почетокот на мај имаме продолжен викенд. 1 Мај се паѓа во понеделник, што значи дека заедно со викендот ќе имаме добра можност да испланираме некое патување.