Актуелно

Неверојатно: Лажно пријавил бомба во РЕК „Осломеј“ само за да си замине порано од работа

Лишен од слобода кичевец кој за да излезе порано од работа лажно пријавил дека има поставена бомба во РЕК „Осломеј“.

Како што информираат од МВР, ноќеска во 03:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Осломеј го лишиле од слобода Р.Б.(44) од Кичево, вработен во РЕК Осломеј. Тој, во 02:25 часот испратил порака на својот шеф со која го информирал дека, имал сознание дека во еден оддел во РЕК „Осломеј“ има поставена бомба.

По преземени мерки и извршени проверки со обезбедувањето, полициски службеници констатирале дека нема поставено бомба и се работи за лажно пријавување. По преземени мерки, Р.Б. бил пронајден во викенд куќа во кичевското село Осломеј и е лишен од слобода.

Притоа, тој признал дека е лажна пријавата и дека го измислил тоа за да може порано да си замине од работа.

„Р.Б. е задржан во Полициската станица Кичево и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, посочија од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons