НА 400 КИЛОМЕТРИ ОД СКОПЈЕ: Оние кои не можат да се оженат доаѓаат тука- женски по*ов орган врежан во карпа кај Тиват, мажите го допираат и им тргнува со жените (ФОТО)
Тиват – Доколку патот ве води до местото Кртоли покрај Тиват во заливот Бока Котор покрај главниот пат, ќе ве пречека големо изненадување и како што често го нарекуваат мештаните – вистинско чудо на природата. Со децении во карпата е врежан облик кој неодоливо наликува на женски генитален орган, а постарите мештани од оваа населба велат дека оваа локација се покажала дека има чудотворна моќ.
– Од колено на колено се кажува, а на дело е докажано дека тука доаѓаат мажи кои не можат да се оженат, го допираат она што е вдлабнато и после тоа брзо се женат и им тргнува на тоа поле од животот. Дека нешто постои покажува и таа приказна која со години опстојува, да немаше вистина, сигурно немаше да опстане толку долго меѓу народот“, изјави за РИНА локалниот жител Ѓуро Божуровиќ.
Непознат уметник додал малку боја на резбаната форма, па сега таа изгледа уште поавтентично. Поради самата експлицитност на ова, како што го нарекуваат мештаните, магично место, оние кои доаѓаат овде да се „молат“ главно тоа го прават откако ќе се стемни.
– Гледаме автомобили паркирани на страната на патот. Гласините велат дека ова место им носи среќа на мажите, па никого не чини да се обиде. Луѓето велат дека кога мажите ќе се помолат овде, жените почнуваат „да им паѓаат на колена“. Јас веќе сум во брак, па не сум се обидел, но имам пријатели кои се обиделе и работите се подобрија на љубовен план по посетата, додаваат мештаните.
Во текот на пролетта и летото женскиот полов орган врежан во карпа е опкружен со разгранети смокви, темјанушки и цветови од невен, па како што велат мештаните изгледа уште пофасцинантно.
Она што е интересно е дека поради силните бои што ги користи непознат уметник, ова чудо на природата може да се види дури и од авион, бидејќи аеродромот во Тиват е во близина.