На 116 години почина најстарата калуѓерка во светот, а за долговечноста секогаш тврдеше дека е Божја работа
Ина Канабаро Лукас, почина вчера во Бразил на возраст од 116 години, објави „Ле Монд“. Нејзината долговечност секогаш му ја припишуваше на својот религиозен живот и на Бог. Бразилската калуѓерка која почина вчера, при раѓањето едвај преживеала. Таа е родена на 8 јуни 1908 година. Конгрегацијата на сестри на Мајка Тереза во Бразил во Порто Алегре ја соопштија веста за починувањето на нивната сестра во соопштение во кое ѝ се заблагодарија за нејзината посветеност во животот.
Во некрологот тие наведоа дека Канабаро била кревко дете и многумина се сомневале дека нема да преживее. Таа стана калуѓерка во 1934 година на 26-годишна возраст меѓу двете светски војни. Канабаро ја припишуваше својата долговечност на Бог.
Тој е тајната на животот. Тој е тајната на се, велела таа.
За нејзиниот 110 роденден примила благослов од папата Франциск кој почина минатиот понеделник на 88-годишна возраст.