На Ѓорческа одлично ѝ оди во Романија, ќе игра полуфинале во Букурешт
По освоениот прв турнир во Романија, најдобрата македонска тенисерка одлично напредува и на вториот, Лина Ѓорческа денеска избори плуфинале во Букурешт.
Ѓорческа со 2-0 во сетови ја совлада Хиетаранта од Финска, двата сета ги доби со идентични 6-3 и 6-3.
Лина во полуфиналето ќе игра против првата носителка, грчката тенисерка Папамикали.
Ѓорческа е четврта носителка на овој турнир.