Актуелно

На Македонија и фалат најмалку 1000 доктори 

Најмалку 1000 лекари недостасуваат во македонското здравство посочува во разговор за Гласот на Америка ресорниот министер Арбен Таравари. Министерот најавува вработување на 600 приватни специјализанти, како и изнаоѓање решение и за 1.200 здравствени работници ангажирани со договор на дело

„Минимум 1000 лекари ѝ се потребни на Македонија итно и неодложно, барем до крајот на наредната година“, вели министерот за здравство Арбен Таравари во изјава за Глас на Америка.

Таравари нагласува дека за надминување на оваа состојба било донесенo и владино решение за вработување на 600 приватни специјализанти. Триста од нив дo крајот на оваа година, и уште триста наредната година.

Кои се потенцијални кандидати да избегаат од државата. Се надевам дека ќе изнајдеме решение идната година освен 300 специјализанти, да вработиме околу 300-400 доктори, со што ќе имаме некаква одржливост на болниците особено во внатрешноста на државата“, вели Таравари.

Таравари очекува до крајот на годината да се реши статусот и на уште 1200 други здравствени работници, од кои некои и по 10 години години работат со договор на дело. Со тоа вели дека ќе се направи голема работа за здравствениот систем. На годишно ниво, според лекарската фела си заминуваат околу 250 лекари, но и друг медицински персонал.

На прашањето дали со мерките кои ги најавуваат ќе спречат понатамошен одлив на медицински кадар, Таравари вели дека има уште многу работа.

„Да речам дека 100 отсто ќе спречиме е невозможно. Мора да изнајдеме начин со кој што ќе ги задржиме нашите професионалци, зборувам за здравство. Еден од начините е со премиерот и со синдикатите во здравството разговараме, е да изнајдеме решение кое би било одржливо, и задоволувачки за нив, за да останат во државата поголемиот дел од нив“, посочува Таравари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons