Свет

Најтопла година во историјата: светските температури во 2024 првпат над „границата“ од 1,5 степен

Светот минатата година за прв пат надмина 1,5 Целзиусов степен загревање, соопштија меѓународните агенции, а „забележителниот“ скок на глобалните просечни температури предизвика стравувања дека климатските промени се забрзуваат.

Европската опсерваторија Коперникус во петокот потврди дека 2024 година била најтоплата година досега, со просечна температура за 1,6 Целзиусов степен над прединдустриските нивоа, откако емисиите на стакленички гасови достигнаа ново високо ниво.

Тоа беше првата календарска година во која просечните температури ја надминаа целта од Парискиот договор од 2015 година за ограничување на загревањето на многу под два степени и продолжување на напорите да се задржи на 1,5 степен.

„Искрено, ми снемуваат метафори за да го објаснам загревањето што го гледаме“, рече директорот на Коперникус, Карло Буонтемпо.

Тој додаде дека серијата климатски катастрофи минатата година – од поплави до топлотни бранови – не е статистичка аномалија, туку е јасно поврзана со климатските промени предизвикани од зголемениот јаглерод диоксид и метанот.

Коперникус објави дека годините од 2015 до 2024 година биле 10-те најтопли досега.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons