Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -7 степени.
Потоа следуваат и -5 во Крива Паланка, -4 во Крушево, -3 во Виница, -2 степени во Штип, Маврови Анови, Попова Шапка, -1 во Претор, Прилеп, Кавадарци, Струмица, 0 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, 1 во Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Демир Капија, Велес и 3 во Гевгелија,
Најмногу снег има на Попова Шапка каде се измерени 31 см, додека пак 8 см има во Маврови Анови.
Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта ќе има услови за локални врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7 степени.
Во Скопје претежно облачно, во делови од котлината со услови за врнежи од слаб дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне до 7 степени.