НАЈНОВА ВЕСТ: Се роди првото бебе во новата 2024 во Македонија- еве која е мајката
Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот.
Породувањето беше извршено по природен пат.
Бебето е од машки пол, тешко е 3760 грама, долго е 52 сантиметар и е родено со Апгар 10/10.
Дежурната екипа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје.